
Естрадната дива беше повикана како клучен сведок на судењето за да се утврди татковството на пејачот Мирослав Илиќ кон “неговиот“ непризнаен син Девин. Во истата судница дојде и неговата поранешна љубовница Госпоѓата Мирјана Антоновиќ која тврди дека Девин му е вонбрачен син
Мегапопуларната пејачка и поранешната сопственичка на “Гранд Продукција“ Лепа Брена пред некој ден скоро да полуде на суд. Но, добрите познавачи на естрадните прилики велат дека ова не и е првпат на пејачката да се однесува невоспитано.
За да работите бидат појасни Лепа Брена беше повикана како клучен сведок на судењето за да се утврди татковството на пејачот Мирослав Илиќ кон неговиот непризнаен син Девин.
Во истата судница дојде и неговата поранешна љубовница Госпоѓата Мирјана Антоновиќ која тврди дека Девин е вонбрачен син на Мирослав, па бара да го признае и да му плати дебела отштета. Лепа Брена и самата е виновна, своевремено во белградските весници даваше изјави дека Мирослав има син од врската со Мирјана со која пејачката едно долго време приватно другарувала.
Лепа Брена на суд дојде ненашминкана, бледа, замислена и многу нервозна. Со црни очила за сонце и фризурата “а ла Љупка Димитровска“. Веднаш со грди зборови се пушти во расправија со новинарите од еден белградски таблоид кои од време на време, а според пејачката, пишуваа гнусни лаги за Девин мешејќи ја и неа.
Лепа Брена се однесуваше безобразно, некултурно. Тоа не личеше на некоја голема ѕвезда. Требаше да молчи, целата работа да му оставеше на својот адвокат, а не така. За тие навреди можеме и да ја тужиме, но нека и е, нека види народ дека пејачката знае да навредува и омаловажува, коментираа новинарите и самите зачудени од таквото однесување на Лепа Брена.
По се изгледа дека пејачката ја изгуби контролата, повредена со самото тоа што е повикана за клучен сведок во случајот на вонбрачниот син на пејачот Мирослав Илиќ. Со Мирослав, Лепа Брена е во долгогодишна кавга и ако пред повеќе од 20-тина години го имаа дуетскиот ЈУ-хит “Један дан живота“. (Д.М.)
извор вечер прес