
Заминување во спортска пензија официјално објави легендарниот Филипинец Мани Пакјао, кој ќе остане запаметен како еден од најдобрите светски боксери на сите времиња.
Збогувањето со рингот и ракавиците Пакјао го објави во 14-минутно видео на својот Фејсбук профил и ја најави својата „најголем борба во политичката кариера”, откако претходно овој месец официјално беше номиниран за претседател на Филипини.
– Штотуку го слушнав гонгот. Готово е со боксот. Никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден и дека ракавиците ќе ги закачам на ѕидот, рече во видеообраќањето популарниот Пекмен.
Пакјао, кој е сенатор од 2010 година, претходно овој месец го номинираше владејачката ПДП-Лабан на својата национална конвенција, истакнувајќи го како свој кандидат за изборите закажани за идната година.
Четириесетидвегодишниот Пакјао е првиот боксер во историјата, кој стана светски првак во осум различни тежински категории. Последната титула светски првак ја освои во 2019 година во велтер категорија на возраст од 40 години.