
Александер Волкановски е шампион во УФЦ пердув категоријата откако синоќа ја одбрани титулата против Американецот Брајан Ортега. Роден е во градот Варила во австралиската сојузна територија Нов Јужен Велс, но родителите му се Македонци (татко му од Беранци (Битолско), мајка му од Егејска Македонија).
FOTY Candidate? 👀 After their instant classic at #UFC266, @AlexVolkanovski & @BrianTCity speak with @DC_MMA 🎤 pic.twitter.com/atEaYjMLh1
— UFC (@ufc) September 26, 2021
Победата на Волкановски ја гледаше и Мекгрегор кој потоа со навредлив твит го исмеваше пердув шампионот.
„На овој Воловски ќе му ја скинам главата како да шутирам рагби топка. И цел од мускули! Хахахаха тој е мал прдеж. Не е ни мал прдеж. Тој а гомце хахаххаха“, твитна Мекгрегор, а потоа брзо го избриша твитот заменувајќи го со нешто пофин.
„Добра борба. Честитки гомце“
Таквите зборови го натераа Волкановски да го предизвика Мекгрегор на дуел во рингот.
„Нека се симне во пердув категоријата, те чекам! Ако треба јас ќе отидам категорија погоре, нема проблем. Ајде да се сретнеме!“, изјави Волкановски, или како што е познат во Австралија – Александар Велики.
Останува да видиме дали ќе се оствари ваква епска битка помеѓи славниот Конор Мекгрегор и нашиот Австралиец Алекс Волкановски.