Ана Бекута сопругот ја „почести“ со џип од 25.000 евра

Please follow and like us:
Pin Share

Ана Бекута со години на снимањата на „Гранд-ѕвезди“ ја возеше сопругот Милутин Мркоњиќ Мрка, меѓутоа, во новата сезона на популарниот музички натпревар, фолк-пејачката доаѓа сама. И тоа со новиот џип!

Имено, како што пренесува таблоидот „Стар“, Мрка ја почестил саканата со џип „Шкода“, за кој издвоил 25.000 евра.

 

Иако на Ана ѝ беше поубаво да ја вози сопругот, сепак, ќе мора сама да се вози бидејќи него не смее да го изложува на напори откако прележа корона.

Тој неодамна повторно беше во болница поради проблемите со срцето, па лекарите му наложија строго мирување.

Затоа Ана не му дозволува на Мрка да излезе од дома, а тој сепак излезе џентлмен и ѝ купи безбедно возило.

 

Please follow and like us:
Pin Share