Душица Јаковљевиќ открива што се случува кога ќе се изгаснат камерите, еве какви пораки добива од учесниците во шоуто

Please follow and like us:
Pin Share

Српската водителка Душица Јаковљевиќ повторно е ангажирана во петтата сезона од реалното шоу „Задруга“.

Меѓутоа не е секогаш позадинските работи изгледаат убаво како на телевизија, па водителката открива дека добива пораки со закани, но и разни понуди.

-Имало непријатности и разни ситуации. Кога работите со луѓе, мора да бидете подготвени и на тоа дека ќе има убави и помалку убави моменти. Некогаш потребни ми се два дена да се опоравам, енергетски и емотивно, вели Душица за Аваз и открива дека постојат разни учесници кои отворено и се додворувале и да канеле на пијалак.

-Да, ми се додворуваа. Ми праќаа пораки и ме канеа на пијалак. Никој не ја премина границата. Не одговарам на тие додворувања, но како и секоја жена мило ми е што го привлеков нивното внимание. Но, признавам постојат две Душица една без шминка во тренерки дома и онаа која е нашминката и влегува во студио. Не сум добила неморални понуди. Мислам дека никој не би се осмелил, вели Душица.

Please follow and like us:
Pin Share