Познато е дека популарните музичари од регионот настапуваат на свадби од кои многу заработуваат и добиваат голем бакшиш. Такво искуство имаа и девојките од групата „Ураган“ пееја на една свадба.
На свадбата атмосферата се вжешти, гостите се собраа околу Ксенија, Сања и Ивана, па летаа пари од сите страни.
За потсетување, девојките неодамна изјавија дека не смеат да земаат бакшиш на настапи, но на снимката се гледа како држат банкноти во рацете, дури и додека ја пеат „Локо, локо“, со која настапија на овогодинешниот Евросонг.
— IamIan (@DVllada) September 8, 2021
