Богдана Родиќ во центарот на вниманието на јавноста дојде во 2018 година кога медиумите пренесоа дека се забавува со Вељко Ражнатовиќ.
Изгледот на Богдана се коментира каде и да се појави, но во последно време нивните јавни појавувања се сведени на минимум, а госпоѓа Ражнатовиќ ретко користи социјални мрежи, па многу малку се знае за неа и она што и се случува во моментов.
Беше дел од јуниорската репрезентација на Србија која во 2013 година освои брознен медаљ на првенство во Европа. Со екипата на Радивоје Кораќ две години подоцна ја освои титулата во Првата лига во кошарка во Србија, а беше и вицепрвак во Женската регионална лига. Ниту двете сериозни повреди на коленото не ја спречија да ниже успеси, но пред три години донесе одлука сепак да се повлече.
Иако важи за убавица, Богдана во една прилика отиде под нож, па така сега има зголемени усни. На 18-от роденден не би ја препознале!
