
Северина Вучковиќ на својот профил на Инстаграм објави исечок од една емисија во која гостувал нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, во кое со насмевка ги изговара следните зборови:
– Монструм лично!
На тоа Северина додала:
– Конечно призна!
Потоа споделила видео на кое тој изговора: „Па, мајку му“, пишувајќи ги во коментар истите зборови.
Сепак, двете видеа по некое време се отстранети од нејзиниот профил.
Да потсетиме, Милан во големо интервју на „Хепи“ телевизија раскажа работи за кои досега не зборувал.
Помеѓу останатото, навел дека Северина од него барала по 50.000 евра месечно.
– Кога од моја страна беше прекината емотивната врска, односите максимално се променија кога открив дека давам пари кои таа ги барала. Компезирам со тоа што она не работи. Јас ја прашав во еден момент: „Ако идеш по таа логика, во овој регион имаш 3,4,5 луѓе кои се потенцијални кандидати за да имаш дете, дали е така? Кој нормален човек може да и плаќа 30.000, 40.000, 50.000 евра месечно? Таа го бараше тоа да го компезирам додека беше бремена. Емотивно завршивме, но решив да останам покрај неа како татко на детето. Кога престана да работи, тоа беше 4,5 месец од бременоста, морав секој месец да плаќам и навистина плаќав од добра волја. Кога престанав да плаќам, кога намалив на 10.000 евра, тогаш започнаа уцените – изјавил Поповиќ.
Српскиот бизнисмен кажал дека не постојат 70 судски процеси, туку се во прашање други работи кои таа ги набројала.
Како што кажал Милан, тој смета дека таа има две лица – едно за јавност, а друго кое само пред ретки луѓе го покажува кога ќе ја опфати бес и хистерија.