
Еден од најпознатите наши пејачи, Влатко Миладиноски, со неговите песни, не само што е познат во нашата држава туку за него се знае и во дијаспората.




Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, а нема ни Инстаграм. А, зошто е тоа така еве што ни рече Влатко.
– Искрено тоа не е нешто што е направено со намера. Едноставно, јас сум таков по природа и не сакам многу да ги споделувам моите приватни мигови од тоа каде сум бил, со кој сум бил, што сум јадел и пиел бидејќи сметам дека тоа е повеќе фалење отколку уживање во тие моменти.




Од друга страна подобро е кога другите ве експонираат отколку самите да се експонирате, претпоставувам дека тогаш тоа е заслужено, раскажува пејачот за ВЕЧЕР.
Тој поради своите настапи постојано патува на различни страни на светот, а најмногу му се допаѓа Цирих.




– Јас често патувам и навистина уживам во секое патување. Секогаш имам простор за релаксирана прошетка таму каде што настапувам.
Некако Цирих би го издвоил кој често го посетувам и за кој ме врзуваат убави спомени. Тој изобилува со многу места за прошетка, реки и прекрасно езеро. Нивното езеро ме потсетува на нашите три бисера: Охрид, Дојран и Преспа.




Но, да ви кажам имаат и многу убави чоколади и сирења, не за џабе Цирих е град на чоколадо. Јас сум човек кој сака природа.
Затоа и Ботаничката бавча би ја издвоил и еден ден сакам да ја одведам и сопругата за да ужива во тој рај за очите. Но, ниедно место не би го заменил со нашата мила Македонија и Кичево, вели Влатко.




Влатко неодамна стана татко на уште една ќерка. Со сопругата Кристина веќе ја имаа Илина, (3.5) а од пред Велигден ја добија и малата Андреа.
-Да бидеш татко на две ќерки, на две принцези е богатство. Не само затоа што за таковците на ќерки велат дека си мајстор, туку затоа и што велат дека ќерките повеќе се грижат за родителите“, изјави Влатко за ММС.мк.




Тој вели дека иако се изолирале со сопругата, за жал, се заразиле со вирусот.
-Немавме многу страв, затоа што се изолиравме во викендичката, се одалечивме од секојдневнити бројки на поч -инати и заразени.




Тоа е нашето секојдневие и не може да се издржи освен да го прескокне, некако да се побегне. Ете ние побегнавме на викендица ама џабе, коро-ната дојде и таму, не најде.
За среќа поминавме многу лесно и сите бевме во изолација. Навистина веќе една година живееме на викендица, која се наоѓа под селото Јаорец, кичевско, покрај река Студенчица.




-Никогаш не сум бил неодговрен, но сега сум дупло од тоа. Ми се исполни сонот да имам две ќерки. Навистина сум слушнал и јас дека велат дека ќерките за родителите се грижат повеќе, но не знам и не можам тоа сега да го кажам. Нека пораснат, па ке видиме дали е така.




Влатко и Кристина се по потекло од Кичево, но судбината сакала двајцата кичевчани да се запознаат во Охрид.
-Да, малку интересно што и двајцата сме од Кичево а се запонавме во Охрид. Заедно бевме неколку години, а веќе од 2016 сме во брак. Бракот не ми го смени многу животот, бидејќи Кристина има разбирање за мојата работа.
Покрај, се разбира љубовта меѓу нас, голем удел има и нејзиното разбирање и поддршка за мојата работа, вели Влатко за ММС.




Влатко Миладиноски во една прилика, додека се договарал за гостување во емисијата Имат немаТ која се емитува на Сателитската ИНТВ и уште 25 телевизии низ Македонија требало да каже две песни да ги спремаат групата Чардак, едната песна ја кажал а другата се договориле да се слушнат следниот ден.




Ноќта Влатко на сон сонувал како ја пее во емисија познатата песна од сега веќе покојниот негов вујко Војо Стојаноски
-Да ни е жива песната! Ппогледнете го настапот во емисијата: