ММА борачот Конор Мекгрегор уште еднаш предизвика бројни реакции со објава на социјалните мрежи. Овој пат објави фотографии од Мајами на кои се гледа како консумира марихуана.
На Instagram објави седум фотографии од неговиот Rolls Royce, а на фановите им порача што тој мисли за неговите колеги од УФЦ.
„Побогат сум од цел УФЦ“, напиша меѓу останатото Мекгрегор, а неговата објава собра над 2.5 милиони лајкови на Instagram. Медиумите пишуваат дека би му се заканувала година дена затвор ако беше фатен со марихуана додека вози.
Што се однесува до спортот , во октагонот можеби ќе се врати во март следната година. Има шанси негов следен противник да биде Ислам Махачев, за кој Ирецот во минатото изјави дека не сака да се бори.