Изневерувањето не е ништо ново, сите изневеруваат, но голем проблем настанува кога ќе се заљубите во личност која е само уште една опција за вас. Тоа му се случило и на овој човек кој не знае што да прави. Во брак сум три години и имам две мали деца. Мојата сопруга има 32 години и е прекрасна сопруга и мајка.
Но, мојот голем проблем е што се заљубив во друга жена на моето работно место – напишал маж на интернет и побарал помош бидејќи не знае што да прави. Мажот, кој сакаше да остане анонимен, додаде дека е вљубен во две жени, но не знае која да ја избере. Не би ги оставил сопругата и децата, но не би ја оставил ниту љубовницата, бидејќи е заљубен во неа.
Овој проблем не ми дозволува да спијам во текот на ноќта, имам кошмари и не знам како да ја решам оваа ситуација – напишал мажот. Различни реакции може да се видат во коментарите:
Оставете ја љубовницата, и задолжително одете на љубовни терапии. Ако твојата сопруга дознае за ова, ќе останеш без семејство, размисли добро што треба да правиш. Мразам мажи како тебе. И двете треба да те остават! Човеку, не си фер кон жена ти или љубовница, живееш во лага, се будиш во лага.