Кога ќе се спомена Сузана Гавазова не е потребно да се трошат многу зборови. Струмичанката е докажана на музичката сцена и со нејзиниот глас и стас каде и да се појави привлекува внимание.
Македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години. Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.
Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.
Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.
Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.
Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.
Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.
Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани.
Гавазова вчера реши да се качи во авион и да отпатува од Македонија што го објави на својот профил на Инстаграм.