Милица Павловиќ открила зошто се предомислил Бјелогрлиќ и не и дал улога во филмот „Тома“

Please follow and like us:
Pin Share

Популарната пејачка Милица Павловиќ неодамна се проба и како актерка во серијата „Пејачка“, во која ја толкувала главната улога, а имала и понуда за улога во филмот „Тома“, но Драган Бјелогрлиќ се откажал од таа идеја.

Како што објаснила, и била понудена улогата на Лепа Лукиќ, но на крај режисерот имал причина зошто Милица останала без улога.

https://www.instagram.com/p/CViD1gKs7pd/?utm_source=ig_embed&ig_rid=6c53bd6b-a723-420d-97be-

b290bb3a9972

– Одев на состанок, но на крај Бјелогрлиќ се откажал од идејата било која пејачка да биде во филмот. Инаку, ми беше понудена улогата на Лепа Лукиќ. Ми беше чест да зборувам со него на таа тема, но од друга страна ете, го чекате својот момомент и ја добивате вистинската работа – раскажала Милица.

Младата пејачка е горда на својата прва улога која била и главна улога, меѓутоа кога првиот пат ја повикале на кастинг, мислела дека некој се шегува.

– Кога ме повикаа мислев дека некој се шегува со мене, па Вук Костиќ ми се јави и ми кажа дека не се шегуваат – рекла Павловиќ, а потоа се присетила и на анегдота од кастингот.

– Јас се појавив на кастингот без да ги знам на памет сцените, бидејќи тоа не ми го кажаа – рекла низ смеа Милица во емисијата „Ѕвездите на Гранд Специјал“.

Please follow and like us:
Pin Share