Народот бара Пандев да се врати за баражот: Се огласи и самиот Горан – еве што порача за тоа

Please follow and like us:
Pin Share

Многумина беа скептици дека по повлекувањето на Горан Пандев од репрезентацијата, Македонија ќе се соочи со проблеми и нема да го повтори успехот од пласманот на ЕП 2020 година, пренесе Фокус.мк

Сепак, со синоќешната победа над Исланд и обезбедување на бараж за СП 2022 година во Катар, македонските фудбалери покажаа дека знаат да играат без лидер каков што беше Горан Пандев.

Тој е особено горд на овој успех, а низ јавноста постојано циркулираат барањата за тој да се врати и повторно да го облече репрезентативниот дрес – да помогне за пласман на едно големо натпреварување како СП. Во кратка изјава за „Фокус“, Пандев даде свој став околу таа ситуација.

„Враќање во репрезентацијата нема да се случи. Доста беше. Македонија има многу млади и талентирани фудбалери и со цело срце ќе навивам за нив на претстојните натпревари“, порача Пандев во изјава за Фокус.мк

Please follow and like us:
Pin Share