Популарниот фолкер Благоја Грујовски веќе долги години е во брак со сопругата Ирена со која го има синот Марко.
Пејачот никогаш претерано не ги експонира членовите на своето потесн0 семејство, па навистина се малкумина оние на кои им се познати детали од неговиот приватен живот. Тој со неговата сопруга, која е дваесет години помлада од него, само одвреме-навреме се појавува во јавноста.
Грујовски пред да се ожени со неговата сегашна сопруга десет години беше во брак со презентерката Татјана Стојановска.
Пејачот од овој брак со познатата водителка го има синот Матеј кој е во одличен однос со својот помлад брат Марко.
Благоја и Ирена две и пол години беа во врска пред да се заколнат на вечна љубов. Тие во брачните води запловија во 2009 година, а Ирена на денот на нивата свадба беше во шестиот месец од бременоста.
Помеѓу него и неговата поранешна сопруга Татјана се уште постои одлична комуникација. Тие и покрај разводот останаа во добри односи, како заради воспитанието и грижата ко нивното заедничко дете, така и заради воспитанието и културата кои и самите ги поседуваат.
Матеј исто така е близок со својот татко, но и со неговиот полубрат кон кого се однесува како вистински постар брат.
За разлика од Татјана која важи за една од најпознатите телевизиски лица во Македонија, сегашната сопруга на Благоја ретко се појавува во јавноста. Тие својата приватност скржаво ја чуваат од медиумите и не сакаат публицитет, па вистинска реткост е да ги видиме заедно.