Маринко Роквиќ вака дознал дека има рак на панкреас: Имал еден симптом, но лекарите доцна го откриле

Please follow and like us:
Pin Share

Целата естрада ја изненади веста дека Маринко Роквиќ ненадејно почина на 68-годишна возраст, бидејќи никој не ни знаеше дека е тешко болен.

Фолк-пејачот инаку бил силен и подготвен да се справи со сите неволи во животот, па сопругата и синовите ја почитувале неговата одлука и никому не кажале за болеста.

Во ноември минатата година, Маринко итно бил опериран поради циста на стомакот, но тогаш лекарите откриле дека пејачот боледува и од рак на панкреасот и прогнозата на почетокот била лоша.
Дополнително, Роквиќ изминативе месеци се борел и со тешка бактерија, која ја закачил при лекување на ракот, што дополнително му ја влошило здравствената состојба, а потоа се појавиле и метастазите.

Маринко не сакал да оди на лекување во болница, туку цело време лежел во семејниот дом, а за него се грижела сопругата Славица, која инаку е медицински работник.

Во саботата наутро, Маринко починал на рацете на сопругата во нивната куќа на Кошутњак. Неговите синови биле потресени од стресот и тагата, но Никола сепак смогна сили да ѝ се обрати на јавноста.

Please follow and like us:
Pin Share