Последната снимка на Маринко Роквиќ: Синот Никола го носел во манастир, пејачот бил видно ослабен! (ВИДЕО)

Please follow and like us:
Pin Share

Српскиот пејач Маринко Роковиќ почина денес во Белград на 68 години. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син Никола Роковиќ.

Маринко веќе некое време се борел со бактерија која му го нападнала организмот, а неговите најблиски до крај верувале дека тој ќе се извлече.

Инаку српската емисија „Папарацо лов“ уште во октомври ги снимила Маринко и Никола пред манастирот Раковица.

Маринко пред извесно време го прележал корона вирусот, а исто така бил и на операција на циста и после тоа ја добил таа бактерија која за жал заврши фатално.

– Јас ја прележав короната, добро поминав, немав тешки симптоми. Кој знае кога ќе помине овој вирус, тоа никој не го знае, па ниту јас. Меѓутоа, после короната ми се појави некаква бактерија, која ми го нападна организмот. Никако да помине, со месеци се борам со неа. Се надевам дека оди малку на подобро -изјавил неодамна Маринко.

Please follow and like us:
Pin Share