Сашо Ноиќ или по познат како Цаки Кисми објави интересно видео и малку се пошегува со своите фанови.
Кралот на кафеаните како што многумина го нарекуваат со години е на македонската музичка сцена, а зад себе има еден куп хитови, а сега покажа дека освен за пејач го бидува и за друга работа.
На Фејсбук Цаки сподели видео на кое вели дека почнал да носи дрва и дека кој сака може да го најми за работа.
„По изедени 20 ќебапи, спремен сум за работа. Инаку, 20 евра дневница е. Кој сака, може да ме најми за работа“.
Оваа шега навистина ги насмеа неговите фанови, но сепак едно е сигурно дека тој е вистински домаќин.


За некои луѓе минатата година беше тешка и тажна, но во семејството Ноиќ донесе среќа.

