ПОЧИНА СРПСКИОТ ПЕЈАЧ МАРИНКО РОКВИЌ

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска во Белград на 68-годишна возраст.

Да потсетиме, неодамна во јавноста се појавија информации дека Маринко е хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е критична.

Неговиот син Никола Роквиќ неодамна изјави дека неговиот татко е во лоша здравствена состојба.

Не знам што да кажам. Татко ми не е добро. Но ќе биде добро – рече Никола, не сакајќи да ја продлабочува темата за здравствената состојба на татко му, која се уште беше неизвесна.

Маринко Роквиќ кариерата ја започна во 1974 година. Во својата богата кариера сними дваесет и еден студиски албум и неколку синглови.

Please follow and like us:
Pin Share