Во авионска несреќа загина популарна бразилска пејачка

Please follow and like us:
Pin Share

Популарната бразилска пејачка Марилија Мендонча загина во трагична авионска несреќа заедно со уште четворица патници, јавува Е.Т.

Мендонча, која имала само 26 години, објавила видео од аеродромот на Инстаграм пред нејзината смрт во кое вели дека едвај чека да полета за својата нова дестинација.

Веста за смртта на пејачката на социјалните мрежи ја потврди нејзиниот тим:

– Со неизмерна тага ја потврдуваме смртта на пејачката Марилија, нејзиниот продуцент, нејзиниот вујко и советник и пилотот и копилотот.

Според СНН Бразил,засега не е позната причината за авионската несреќа.

Please follow and like us:
Pin Share