Му беше најголема поддршка, па го остави по 30 години брак: Виновна е значително помлада Македонка

Please follow and like us:
Pin Share

Ова е сопругата на фолк-пејачот Маринко Роквиќ!

Покрај синовите Никола и Марко, најголемата поддршка на Маринко Роквиќ во борбата за здравјето му е сопругата Славица, поранешна медицинска сестра. Таа не се експонира премногу во јавноста, иако е реализирана жена, писателка која зад себе има мошне читан роман, а многу е активна и на Инстаграм, каде што промовира органска храна, која сама ја одгледува во бавчата.

https://www.instagram.com/p/CUKYAipsxEw/?utm_source=ig_embed&

ig_rid=25fea172-1dd3-4018-9401-89c4c05939ca

Иако сега изгледаат речиси идилично, Маринко и Славица надминаа голема криза во бракот – по 30 години одлучија да се разведат. Во медиумите во тоа време се пишуваше дека пејачот наводно имал афера со значително помлада Македонка и дека сопругата не можела да му го прости тоа, па затоа го напуштила семејниот дом.

Пред тоа не може да замижи“, изјави во тоа време близок избор на семејството Роквиќ за српски „Курир“.

Двојката се разведе, но пејачот продолжи да се надева дека еден ден повторно ќе се смират. Така и беше. Имено, по неколку месечна разделеност, Славица се врати во својата куќа и му даде уште една шанса на нивниот брак.

Денес, Маринко и Славица важат за една од најхармоничните двојки на музичката сцена, а Славица доби посебна наклонетост од страна на јавноста кога го наговори сопругот да го признае вонбрачниот син Дарио, кој живее во Канада и е во добри односи со браќата Никола и Марко.

Please follow and like us:
Pin Share