Боксер почина по нокаут, и судијата има вина за смртта! (Вознемирувачко видео)

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот боксер од Зимбабве, Таураи Зимуња (24) почина во понеделникот како последица на бројните удари кои ги доби за време на борбата што се одржа во саботата.

Многумина веруваат дека оваа трагедија можела да се избегне. Имено, љубителите на боксот ширум светот беа шокирани од реакцијата на судијата, кој мораше порано да ја прекине борбата.

Несреќниот Змуња во третата рунда доби неколку страшни удари во главата пред да биде нокаутиран. Судијата не реагираше, иако беше јасно дека боксерот е сериозно потресен.

Лоренс Зимбуџана, главен секретар на Националниот одбор за контрола на боксот, најави дека ќе биде покрената истрага за случајот.

Please follow and like us:
Pin Share