Очигледно пандемијата со коронавирусот нема намера уште долго да си оди, а најпогодени од неа беа и се уште се музичарите.
Како што знаете, настапи речиси да нема, па многумина од нив наоѓаат други начини за егзистенција. Еден од нив е и познатиот фолк-пејач Марјан Коцев.
Тој на своите социјални мрежи сподели фотографија на која може да се види дека успеал да си најде моментално друга работа.
Имено, Коцев сподели фотка на која може да се види дека заедно со уште неколкумина пријатели збираат грозје, а од изразот на неговото лице јасно се гледа дека тој ужива во новата професија…
Погледнете:

