Овојпат младите музиканти од „Здраве Мусик“ ќе ги видиме во едно поинакво светло. Тие ја преработија познатата песна „Гори Балкан“, а за аранжманот се погрижија Бобан Мојсовски и Љупчо Павловски.

Покрај музиката, внимателно беше подготвен и видеоспот со околу 60 статисти. Снимањето се одвиваше токму на местата каде што се одржале историските борби опеани во песната – во Дебрца, поточно во селото Арбиново. Дел од сцените се снимија и во живописното Мариово, селото Зовиќ, како и на Галичица.

Промоцијата на проектот е закажана за 11 октомври во 11 часот и ќе може да се проследи на YouTube и преку сателитската програма на ИНТВ.

