Се ожени еден од најпознатите виртуози на труба Демир Кантуровски.

Please follow and like us:
Pin Share

Демир Кантуровски е познат виртуоз на труба кој со својот оркестар “Уска Кан” во 2013/14 година ги собра најважните награди на фестивалот Гуча…”Златна труба на Гуча” и награда за најдобар оркестар.

Како единствен ученик кој за време на своето средно образование изведувал композиции наменети за студенти, потекнува од музичко семејство и вели дека уште од сега се знае што ќе биде и неговиот син кога ќе го добие еден ден.

Кантуровски и неговата избраничка Хаѓер вчера во просториите на Општина Берово го ставија својот потпис во изводот на венчаните, со што и официјално беа прогласени за маж и жена!

delcevo365.mk

Please follow and like us:
Pin Share