„Чистка“ на фотографиите на легендарниот панонски морнар: Вдовицата ги избриша од својот профил

Please follow and like us:
Pin Share

На обожавателите не им е сосема јасно дали вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ се откажува од наследството на починатиот сопруг или се обидува да наплати за секое негово спомнување.

Имено, како што пренесува порталот „НС хроника“, Оливера Балашевиќ од сопственикот на ресторанот „Кучерда на лакат“ побарала материјална отштета бидејќи тоа е „израз“ што го смислил и „лансирал“ Балашевиќ во неговата песна „Намќор“.

А она што посебно ги збуни почитувачите на ликот и делото на легендарниот пејач е отстранувањето на сите снимки посветени на нејзиниот покоен сопруг – од видеото од збогувањето на кејот во Нови Сад до епизодата „Државна работа во чест на саканиот кантавтор“

Оливера Балашевиќ ги отстрани сите споделени фотографии од својот инстаграм-профил со Ѓоле“, пишува порталот „НС хроника“.

Потсетуваме, Оливера ја забрани и работата на „Балашевиќ трибјут бендот“.

https://www.instagram.com/p/CWDQQZ3t3Sn/?utm_source=ig_embed&ig_rid=4906086e-9540-498b-9e85-d67dd3bc81f1

Легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ почина во февруари годинава, три месеци пред својот 68 роденден, од пневмонија.

Please follow and like us:
Pin Share