Пејачот Јоце Панов пеел без сертификат за вакцинација во познат скопски ресторан, се појавила инспекција на врата!

Please follow and like us:
Pin Share

Вчеравечер во еден познат скопски ресторан настапувал пејачот Јоце Панов, кој важи за еден од најдобрите кога станува збор за живите настапи.

И се било супер, пејачот во елемент, гостите расположени, се до моментот кога на влезот од ресторанот не се појавила инспекцијата.

Наводно инспекторите барале од гостите сертификат за примени вакцини, а кога дошло редот истото да го побараат и од Панов, службените лица се изненадиле.

Јоце не поседувал сертификат за примени две дози вакцина, па поради најверојатно му била изречена парична казна.

– Да, дојде полиција или инспекција, не сум сигурен кои беа и знам дека на неколкумина им побараа сертификати. Откако завршија со гостите, сертифкат побараа и од Јоце, но тој немаше колку што можев да видам. Што се случи понатаму и дали му напишаа казна, навистина не можев да видам – ни изјави сведок кој вчера бил присутен во ресторанот каде настапувал Панов.

Please follow and like us:
Pin Share