Во мене ПУКА СЕКОЈ АТОМ… Сопругата на Маринко Роквиќ низ СОЛЗИ И ГОЛЕМА БОЛКА се прости од својата најголема љубов

Please follow and like us:
Pin Share

Легендарниот пејач на народната музика Маринко Роквиќ почина пред неколку дена, а неговата вдовица сега едвај собрала сила и да каже како се чуствува по тра-едијата.

Пејачот Маринко Роквиќ почина на 6. ноември по изгубената борба против р-ак на панкреасот, а вчера е испратен во неговиот вечен дом.

До последниот момент, покрај него беа сопругата Славица со која помина многу среќи години.

Сопругата на пејачката денес собрала сила да го изрази своето чувство кога на Инстаграм сподели нивна заедничка фотографија и под неа емотивни зборови кои ќе ве расплачат.

ФОТО: Славица Роквиќ / Инстаграм

Утро, тмурно саботно утро. Тишина, која не умира туку распара гради. Сеце кое од болка удира во грбот, со мака се исправам и мислам дека победа носам. А кого победив?

Скршена моментално во мене пука секој атом, лудило кое ми вели да најдам разум. Тага која без прашање ми се вовлече во мојот скут.

Чуството на борбата се губи во далечина. Пораз, патење, очај, неверување, недостаток на воздух… Светлост која подига и плаши.

Свест која не признавам бидејќи суровите грчеви соли ми го топат лицето. Боли и одеднап знам дека со неа треба да се носам, напишала Славица.

Таа истакнала дека Маринко од неа барал да биде насмеана, но таа не успева да понајде сила за тоа:

– Не е смр=т кога ќе умр-еш. Туку кога ќе престанеш некого да сакаш, а без него остануваш. Кога се во тебе ќе се стиши, но ти и понатаму ќе дишеш и живееш… Срам поради слабоста која зацврстува.

Пред тебе со ѕвездена рака стојам, неможна да го признаам поразот. Но ти во постела узвишен, величенствен, достоинствен со насмевка на лицето и слободен како птица со лик на светлички нијанси.

Загледан во далечината до која не можам да допрам. И потоа како да ги слушам твоите зборови: Славица, не тагувај биди радосна. Се обидувам душо, радоста во болката да ја барам. Извини, би сакала но не можам да ја пронајдам, истакнала таа.

Please follow and like us:
Pin Share