
На 70 годишна возраст почина Илија Матевски-Бимбо. Тој беше дел од групата „Битолски козули“ од самите нејзини почетоци, каде свиреше бас гитара.
Матевски беше музичар со завршена музичка академија, а скоро половина век беше и член на мешаниот хор КУД „Стив Наумов“ Битола.