Вдовицата Славица и синовите Марко и Никола се неутешни поради големата загуба, примаа сочувство од колегите на Маринко од естрадата и пријателите, како и од оние кои ја ценеле работата на пејачот.
Легендарниот пејач беше погребан денес на гробиштата Нова Бежанија каде се собраа голем број познати личности, кои за последен пат дојдоа да го испратат Маринко.
Дури 11 хармоникаши го испратија со стиховите од неговата песна „Једина моја“, која никого не остави рамнодушен.