
Имено тој пред еден ден го заврши и спотот за неговата песна, а во долга 8 годишна соработка со ИН продукција од Охрид и ИНтв Австралија ќе го промовираат спотот за некој ден на ју тјуб каналот. Како локација, и убава тематска филмска смислена режија на Даниел, овој пат тој одбра да е во најубавиот град во Македонија – Охрид, каде се снимаа многу кадри во траење од 2 дена! Како главен актер во спотот на кастингот кој го имаше јавно претставено Даниел, се појавува на негова огромна желба, другарката и пријателка, преубавата Јована Тушевска која ни доаѓа од Скопје заедно со него. За неа е ова прво појавување пред камерите, но на негово изненадување и на ИН продукција таа е навистина професионално родена да биде дел од малите екрани, а тоа ќе ви се потврди кога ќе имате прилика да го гледате и спотот за “Дојди, биди среќна”. Нејзините врати се веќе отворени, а вие можете да ја заследите нејзината убавина на нејзиниот фејсбук и инстаграм профил.. Аудиото на песната е дело на *The Stusio Music production” а зад компјутерот стои маестралниот носач на звук Горан Мирковски од Скопје. Тој за оваа песна вели дека е нешто поинакво и многу урбано за нашиот век, па се надева и верува дека Даниел ќе даде нов правец и стил во Македонскиот поп фолк, а со тоа може да се подобри и Македонската музика преку новиот по урбан стил на Даниел. Како и со претходните така и со оваа песна, доминираат живите инструменти од професионалците и прекрасни негови драги колеги од Скопје. За некој ден очекувајте ја промоцијата на третата песна од првиот албум на Даниел Сидовски со наслов “Дојди, биди среќна”…




