Фолкерот Миле Китиќ нападнат за време на настап

Please follow and like us:
Pin Share

Фолкерот Миле Китиќ доживеал голема непријатност за време на настап во Швајцарија, кога бил нападнат од гостин од публиката. 

Како што истакнува пејачот, гостинот сакал само песна, но бидејќи испил повеќе, настанал хаос.

-Тој човек немаше лоша намера. Знаете, 40 години настапувам по кафеани, доаѓаат секакви луѓе, луди, ќе се напијат… некому не му се допаѓам како пејач или лик… Сепак, ја смирувам ситуацијата, ќе му пристапам и му велам: ‘Да се ​​напиеме?’ – ја започнува Миле својата приказна, па продолжи:

-Настапив во дискотека и 5,10 минути пред крај на забавата, еден човек ме замоли да отпеам една негова песна… Му реков: „Добро, само да ја завршам оваа што ја пеам сега“. Не видов лоша намера кај тој човек и после сите овие години сум искусен во проценката дали некој е наострен или не. Ме повлече за раката додека се качував по скалите, па промашив скалило и паднав на колена – нагласи пејачот за „Премиера – Викенд Специјал“.

-После испадна дека ме тепал, но тоа не е вистина. Сè се случи случајно, бидејќи човекот само сакаше пак да ме повлече за да ми каже за песната. Обезбедувањето го одвлече и го претепа, а им реков: „Не чепкајте го! Човекот само се опијанил. И неговата сопруга упадна внатре и почна да плаче: „Немојте, имаме две мали деца“… Ете, човекот немаше лоша намера, а настана хаос. За среќа, не бев повреден, но можев да паднам и многу потешко да се повредам – ​​заклучи Китиќ.

Please follow and like us:
Pin Share