Не се експонира многу, а е една од најдобрите вокали кај нас

Please follow and like us:
Pin Share
  Младата  пејачка Ивана Стојановска плени со својот глас,таа  имаше настап во шоуто Нови и млади каде ја плени публиката со својот глас и реакциите не престануваат ,запознајтеа која е Ивана.





Моето патување со музиката започна чинам од кога знам за себе. Моите почетоци се забележуваат уште на мои 5 години во емисијата ”Вашите 5минути’ на сега покојниот шоумен како милуваат да го нарекуваат Драган Вучиќ, се сеќавам сеуште дека беше вака крајот на ноември и дека паѓаше снег јас бев со големо изненадување прифатена како талентирана и уште тогаш нешто магнетско имаше во камерите и публиката нивната реакција.

На своите 16 години ,2010тата година повторно се појавив на музичко и телевизиско шоу тогашното М2 во кое бев учесник до полуфиналната вечер. Мислам дека пресуден факт да не отстапам од сцената сама по себе е тоа што самите луѓе кои ме слушаат не ми ја даваат таа можност едноставно тоа е мојата ’’животна’’ задача и обврска секако на мое големо задоволство.


Да се биде дел од телевизиски програми беше привилегија и почит за мене затоа што одсекогаш моите идоли ги следев на малите екрани и така ја запознав песната. Следното мое телевизиско представување се случи во 2013година во емисијата за традиционална и новокомпонирана македонска песна култното ’’Зајди,зајди’’ каде бев неколупати да настапувам со избор на песна од големите имиња на нашата ризница од пејачи на народна песна.


Фестивалското искуство и сцената сама по себе ,се случи 2017 година на Макфест каде бев во група со уште тројца мои млади колеги ,па 2019година на фестивалот за млади и неафирмирани пејачи ’’Студенсткото летово во градот Маглај, Босна и Херцеговина каде го освоив второто место во категоријата млад изведувач на народна музика. Истата година веќе бев и дебитант на познатиот Валандово фест каде публиката ме запозна со својата прва песна ’’Земи или остави’’.


⦁ Фестивалското искуство и сцената сама по себе ,се случи 2017 година на Макфест со песна под наслов Мојот дом .
⦁ Исто така 2019 година на фестивалот за млади и неафирмирани пејачи ’’Студенсткото летово” во градот Маглај, Босна и Херцеговина каде го освоив второто место во категоријата млад изведувач на народна музика. Истата година веќе бев и дебитант на познатиот Валандово фест каде публиката ме запозна со својата прва песна ’’Земи или остави’’.Веќе во 2020 година, Земан фестивалот каде бев избрана како прво наградена со изборот на познатата композиција Си заљубив едно моме .

Please follow and like us:
Pin Share