„Лажирав цела свадба за да го натерам бившиот да ми се јави – кој беше резултатот?“

Please follow and like us:
Pin Share

„Наместо свадба, требало да направиш само свршувачка, зошто би ѝ се јавил на мажена жена“ – коментираат дел од луѓето што ја проследија приказната на оваа девојка која тврди дека лажирала цела свадба за да го натера бившиот да ѝ се јави.

Што сè сте подготвени да направите за да го натерате бившиот да ви се јави? Оваа девојка решила да го направи љубоморен поранешниот партнер така што лажирала цела свадба со професионален фотограф и актери. Но, признава дека не го постигнала очекуваното.

Вообичаено, по лошото раскинување следува блокирање на телефонските броеви, но оваа девојка се надевала дека нејзиниот поранешен партнер ќе си ја увиди грешката и ќе ја побара. Кога тоа не се случило, решила нештата да ги земе во сопствени раце, но не му се јавила, туку лажирала цела свадба сакајќи да го направи љубоморен

Освен венчаницата и професионалната шминка, на фотографиите што ги објавува може да се види дека целосно се посветила на задачата, па ангажирала актер за да биде младоженец и платила за посебен простор.

Но, за жал, луксузната свадба не го натерала бившиот да ѝ се јави.

„Најлошо е што ги виде моите објави во Стори и не ми се јави“ – вели таа.

Дел од нејзините следбеници велат дека претерала со свадбата, наместо тоа требало да направи само „свршувачка“. „Зошто тој воопшто би ѝ се јавил на жена што се омажила?“

https://www.tiktok.com/@dieschaklin?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2F&referer_video_id=7031999792448359685&refer=embed

Please follow and like us:
Pin Share