Музичарот Менде Куновски подготвува нова музичка приказна

Please follow and like us:
Pin Share

Битолчанецот Менде Куновски за сите вљубеници во убавата песна, снимаше нов музички материјал во убавиот амбиент на хотел ресторан Шумски фенери.

Се работи за преработки на авторски песни за за чии автори Менде изјави дека им е многу благодарен. Преработките се во тамбурашки стил изведувани од врвни музичари, односно членовите на групата Канцона од Скопје. Се работи за: Дарко Златковиќ( хармоника), Александар Зенговски(гитара), Александар Поповски( виолина). 

Во овој проект учествуваа и Боби Цветковски (контрабас), Илија Димовски( мандола) и Ташко Грујовски( тамбура)и микс и мастеринг.

„ Сакам да изразам посебна благодарност до сите кои соработуваа со мене на овој проект. Покрај ова можам да најавам промоција на песна за Божиќните празници, но повеќе информации ќе имаме тогаш“, ни изјави Куновски.

Во 2019 со деби синглот Празен календар, на кој соработуваше со Никола Мицевски и Борче Нечовски, ја најави својата соло кариера.

Со неговите песни докажува дека на овие наши простори има капацитет да се создаде квалитетна модерна фолк музика.

Please follow and like us:
Pin Share