Гавазова славеше роденден – погледнете какво изненадување и приредија најблиските и КАКОВ ШОК доживеа од својот сопруг!

Please follow and like us:
Pin Share

Познатата фолк пејачка Сузана Гавазова го прослави својот 42 роденден, а пријателите и семејството и приредија несекојдневно изненадување.

Имено, Гавазова, на својот официјален профил на социјалната мрежа Инстаграм, објави видео на кое се гледа како најблиските ја дочекуваат со подароци и пеејќи и ја роденденската песна. Таа исто така не крие дека сите пораки и честитки што ги доби во текот на вчерашниот ден и значат многу и сите ги сподели на социјалните мрежи.

Пејачката преку целиот ден добиваше честитки и од своите фанови, а некои од нив погледнете во продолжение.

Пејачката својот роденден го прослави во друштво со своите најблиски, каде ја пречекаа со торта со запалени свеќи.

„Колку се сите прекрасни. Ви благодарам од се срце. Ве сакам“, напиша пејачката, а во коментарите го означи и нејзиниот сопруг, Јасмин Курузовиќ.

Тие имаат две ќерки, Селена и Емили, кои се радуваа исто како и мама додека заедно ги дуваа роденденските свеќички.

Инаку, Гавазова деновиве со своите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи покажа дека е вистинка убавица за свои години. Таа и покај тоа што „гази“ во петтата деценија од животот, се уште изгледа занесно и плени со својот неприкосновен шарм каде и да се појави.

Please follow and like us:
Pin Share