ВИДЕО ОД АВСТРАЛИЈА: Татјана Лазаревска накитена со долари како Новогодишна елка

Please follow and like us:
Pin Share

Новица Василевски и Татјана Лазафевска, најпознатиот македонски фолк пар кој живее во дијаспората, со синовите Стефан и Петар повеќе од шест години се во Мелбурн, Австралија.

Во една прилика Татјана проговори како се запознале со Новица. Таа раскажа дека токму музиката е и главниот виновник за нивната прва средба со Новица.

– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите.

По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети таа.

-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.

Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.

-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира фолк пејачката Татјана Лазаревска..

-Времето во Ко- вид е предизвик за сите луѓе, барем јас така мислам. Старата изрека вели: „Во мака се познаваат јунаците“. Фала му на Господ, јас и моето семејство сме добри. Работиме, па деновите во карантин ни поминуваат побрзо.

„Кога започна вирусот, Новица преку социјалните мрежи дознава што се случува во светот, па како и секој човек имаше свој став за тоа.

Но, еден ден кога се разбуди сфати дека нема ништо од тоа – да се занимава со тоа на Фејсбук, а и се измори од сите дезинформации и одлучи да се одмори и да се посвети на поубавите работи.

Сега моментално подготвува место за бавча каде што ќе произведува органска храна за нас“, изјави Татјана во интервју за Свет- Австралија.

Татјана и Новица, освен редовните работни обврски, речиси секој викенд пеат по македонски клубови и свадби кои ги организираат нашинците во оваа прекуокеанска земја.

Познато е каде ќе настапат Татјана и Новица за новогодишната ноќ, а тоа е клуб кој се вика Емералд.

Веста за нстапот тие ја објавија на социјалните мрежи, на Фејсбук видео како пеат по дома, а на Инстаграм слика од Тања како баба мразица, во ептен кратко фустанче, а Новица како Дедо Мраз.

150 австралиски долари ќе чини билетот за забавата со Новица и со Татјана, а за деца, билетот е 80 долари.

Погоре ги споменавме свадбите. Денес Татјана на својот профил на социјалните мрежи, објави видео од свадба на која пее таа и Новица.

Интересен момент од видеото е што Татјана е накитена со долари, буквално како новогодишна елка. Вакви слики и видеа сме гледале од српски пејачи кои настапуваат во дијаспората.

Но Татјана докажа дека и македоснките фолкери поседуваат квалитети кои гостите знаат како да ги наградат. Погледнете го видеото подолу.

https://www.facebook.com/tatjana.lazarevska.50/videos/2416046631865923/?t=0

Please follow and like us:
Pin Share