„Го загубив своето дете”: Фолкерката скршена од болка, прозборе за големата семејна трагедија!

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачката Јана Тодоровиќ неодамна доживеа голема семејна трагедија, кога ненадејно почина нејзиниот внук Бане, а тажната вест пејачката ја објави на социјалните мрежи.

Јана за прв пат проговори на оваа тема и раскажа што се случило. Пејачката на самиот почеток истакна дека таа на нејзиниот внук не му била само тетка туку и втора мајка а потоа објасни како се случила трагедијата.

„Се опоравувам од најголемата трагедија во мојот живот. Не почина мојот внук, туку моето дете. Тоа е млад живот, тој зад себе остави петгодишна ќерка. Тој не е само дете на сестра ми, тој беше мое дете. Бане порасна кај нас.Ќерка ми доживеа голем стрес, уште ја враќаме во нормала, за сестра ми и да не зборувам.Таа трагедија ми беше соопштена кога бев во Америка на настап, веднаш заминав за Белград.Викнаа брза помош, едвај ја издржав веста“, вели пејачката за српски Блиц, едвај воздржувајќи се да заплаче.

„Доби корона и беше малку покрупен. Отиде на лекар, му дадоа антибиотик, но состојбата не му се подобри. Лекарот му понуди да остане во болница и бидејќи не се чувствува добро, тој се согласи. Состојбата наеднаш му  се влоши и таа сабота го загуби животот. Само еден ден беше на респиратор. Мислам дека срцето не му беше добро и не беше ни вакциниран“, рекла Јана со треперлив глас.

Таа истакна дека сега најважно е да се држи поради нејзината ќерка, но и сестрата и внуката на кои им е најпотребна. Ќерката на Јана и Бане беа неразделни, бидејќи заедно пораснаа.

„Првпат во животот доживеа толку голем шок, па сега сме цело време со неа. Мораме да продолжиме понатаму“, вели Јана, која вели дека и се јавиле многу пријатели од естрадата и и понудиле помош и дека им е благодарна на сите но и дека поради големата болка немала сила на сите поединечно да одговори.
Please follow and like us:
Pin Share