СНЕЖАНА ЃУРИШИЌ ЗЕМА ПО 1.000 ЕВРА ОД ПЕСНАТА! Карајлиќ откри на која негова песна народњаците најмногу заработуваат

Please follow and like us:
Pin Share

Неле Карајлиќ, некогашен фронтмен на легендарната сараевска група „Забрането пушење“ во емисијата „Скенирање“ на ТВ Курир откри на која негова песна народњаците најмногу заработуваат.

Од таа песна, Неле вели дека Снежана Ѓуришиќ на свадби не излегува без 1000 евра.

– Од „Жени нам се Вукота“. Тоа е страшно, еднаш Снежана призна дека без 1000 евра не излегува од свадба. Јас и реков само „Снешка сети се на мене следниот пат“. Вукота е најсериозна песна. Можеби имало и повеќе пари тука – раскажа Карајлиќ.

Меѓу друго, тој на прашањето на гледачите дали попрво би го одбрал Здравко Чолиќ или Горан Бреговиќ за соработка имаше поделен одговор.

– Со двајцата, зошто да не. Чола е фантастичен лик и мој добар другар, најпопуларна ѕвезда на Југословенската култура. Тој и денес е многу фален. И Брега исто така. Би сакал и едниот и другиот да ме повикаат – рече Неле.

Please follow and like us:
Pin Share