Синот Никола за својот починат познат татко Маринко Роквиќ…..

Please follow and like us:
Pin Share

“Заедно се боревме една година против ракот, но знаев дека има мали шанси да преживее“

Се навршија и тие 40 дена од смртта на популарниот пејач Маринко Роквиќ, а неговиот син исто така популарен пејач, Никола Роквиќ, некако најтешко ја преболува смртта на татка си. Тој со голема тага и многу солзи неодамна ги опиша последните денови од животот на овој, кај публиката, сакан пејач кој ќе го памтиме по голем број големи музички хитови.

– Татко ми немаше ама баш никакви симптоми за болеста од која почина, ракот на панкреас. Случајно отиде во болница со нашиот брат од Германија кога тој дојде овде во Белград на контрола. Тогаш на татко ми му беше откриена страшната вистина. Болеста, за жал, беше во поодмината фаза. Чудно е што издржа толку долго бидејќи тоа е болест која ти го одзема животот за неколку месеци. Имав таков татко кој со зборови не можам да го опишам.                                                                                  Заедно со него се боревме една година против болеста, против ракот, но од самиот почеток знаев дека има мали шанси да преживее. Болеста е доцна разоткриена.       Но, и покрај тоа не ја губевме надежта. Се потпиравме на неговата умствена и психичка сила, како и здравиот начин на живот што го водел. Неговата неверојатна желба за живот и неговата бесконечна љубов кон сите нас. Во текот на животот направил сè што можел. Во големиот град Белград дојде од малото место Босански Петровац на само 14 години создавајќи голема пејачка кариера.

Многу сум горд на него за сè што постигнал. Никогаш не тагувал, не бил депресивен, а тоа е израз на витештвото кое го носи со себе од родниот босански крај. Тоа е поголемо од херојство. Умееше да нè штити од неговите маки и болки, без да ни каже колку му било тешко. Ние направивме сè што можевме, а и тој за нас, иако болеста беше многу посилна. Се измори на крај од неподносливите болки. Верувам дека татко ми сега е на подобро место, заслужил да се одмори, вели синот Никола со солзи кои незапирливо му течат.

izvor vecer

Please follow and like us:
Pin Share