Не сакаше да го нокаутира, па побара од противничкиот тим да ја предадат борбата

Please follow and like us:
Pin Share

Василиј Ломаченко имаше фантастична борба во Њујорк во која лесно го совлада Ричард Коми.

Украинецот, двократен олимписки победник, доминираше од почетокот на борбата. Коми сепак некако се справуваше со Ломаченко во првите три рунди, но потоа беше се во знакот на противникот.

Во седмата рунда се случи несекојдневна ситуација. Ломаченко со лево кроше го испрати противникот на подот. Откако Коми стана и ја продолжи борбата, Ломаченко застана, не сакаше повторно да го нокаутира, па му порача на противничкиот тим да го предаде мечот и да го спасат Коми. Тие не го послушаа Украинецот, па Коми на крајот ги издржа сите 12 рунди.

  • Видов дека страшно страда и во каква ситуација се наоѓа. Им реков да ја прекинат борбата… Коми е вистински воин со големо срце, тој ја продолжи борбата и на публиката и даде борба од 12 рунди, изјави 33-годишниот Ломаченко, кој славеше со едногласна одлука на судиите (119-108, 119-108, 117-110).

Please follow and like us:
Pin Share