За ралика од денес, во Македонија некогаш имаше мнгоу повеќе печатени медиуми, дневни весници, магазини, ТВ шоуа… каде што македонската естрада имаше простор каде да го промовира сработеното, но и себе.
Па така во тоа поубаво време, како за медиумите, така и за естрадата, македонските пејачи, водителки, манекенки… често ги красеа насловните страници кои тогаш и тоа како се продаваа, а не ја собираа уличната прашина изложени пред уличните трафики.
Токму на тоа време и период од кариерата се присети нашата фолк пејачка Елена Велевска, која на кусите Инстаграм приказни објави фотографија од некогашниот „Екран“ од 2003 година.

Евидентно е дека Велевска зрее како добро вино, па денес и тоа како може да се пофали со својата атрактивност, женственост и сексапил.
Стана мајка на три деца, но како вистински професионалец со јавна професија, не го запостави изгледот, туку напротив, стана позгодна од било кога.
