Ѝ личи Америка на Гавазова, објави слика од Њујорк со деколте

Please follow and like us:
Pin Share

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузана Гавазова тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска.

Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.




Веќе добро познато е за Гавазова и нејзиниото семејство дека по шест години живот во Шведска, се вратија во Македонија.
Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.




– Жал ми е што многу Македонци си отидоа од Македонија и некако длабоко во мене живее надежта дека еден ден ќе се вратат. Јас намерно се вратив од Шведска во Македонија, за и другите да земат пример од мене затоа што навистина Македонија е многу убаво место за живеење.




Имаме убава клима, земјата е плодна и раѓа се. Ако има Господ, еден ден ќе се вратат сите, изјави Гавазова во едно неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Гавазова беше на турнеја низ Америка, но семејна, со сопругот и со двете ќерки, прво на Флорида, а потоа во Њујорк, и од таму објавуваше постојано слики и сториња од местата каде што ужива.

Но, Сузана објави и интересни сториња. Про, како меси баница со сиирење и со спанаќ, а потоа и како готви манџа, тоест пилешка чорба. Блазеси му на Јасмин со ваква домаќинка.

Но, една од нејзините слики е посебно впечатлива, од Њујор, а Гавазова е сликана до прекрасна панорама во Хадсон Јардс, еден од културните центри на Менхетен.




Гавазова изгледа одлично на сликата, со долг тесен фустан и истакнато деколте.
Please follow and like us:
Pin Share