Прочитајте ја исповедта на оваа жена која решила да се бори за својот сопруг и покрај тоа што ја изневерил.
„Се венчавме кога дипломиравме на универзитет. Сè уште бевме многу млади и неискусни, но многу се сакавме. За жал, по раѓањето на децата и многуте проблеми, нашата љубов почна да избледува… Практично не комунициравме, не си обрнувавме внимание еден на друг. Сето тоа доведе до тоа мојот сопруг да си најде љубовница.
Изгледа дека сè водеше кон тоа, но штом дознав за неверството на сопругот, се освестив… Не чувствував лутина или гнев, бидејќи не бевме повеќе блиски, дури и повеќе пати имавме разговарано за развод.
Но во тој момент сфатив дека сум многу љубоморна на него поради таа девојка и не сакав никому да му ја дадам мојата сакана личност. Тоа неверство ми ги отвори очите. Сакав мојот сопруг да ми се врати. И одлучив да се борам за него.
Не зборував со сопругот за тоа дека сум дознала за неговата љубовница. Одлучив да се однесувам како на филмовите: ја променив фризурата, гардеробата, парфемот…
Сопругот веднаш ја забележа промената, но не му придаваше голема важност на тоа. Тогаш одлучив да преземам сериозни чекори.
Еден викенд му кажав на сопругот дека одам на некој настан и дека ќе се вратам доцна. Таа вечер со пријателка отидов на кино, потоа во кафуле и на крај се прошетав низ град за да се задржам подолго.
Кога веќе беше доцна, одлучив да се вратам дома. А потоа се послужив со лукавство. Претходно купив машки парфем што само малку го попрскав на облеката. Малку си го размачкав карминот на усните и така влегов дома.
Сопругот веднаш го почувствува непознатиот парфем и моето „добро“ расположение. Лицето му се промени, љубоморно гледаше во мене, но ништо не кажа… Отиде во кревет. Утрината отиде на работа порано од вообичаено, а вечерта беше многу лут и резервиран. Никогаш го немав видено таков! А кога таа вечер му кажав дека ќе излезам со пријателка во кафуле, ми забрани да излезам.
Следниот ден самиот започна разговор за нас. Долго зборувавме на сите теми поврзани со нашиот брак и љубовта. На крајот, заклучивме дека и двајцата сакаме да го спасиме бракот.
На така прилично едноставен начин успеав да го оттргнам сопругот од неговата љубовница. Ќе дадам сè од себе никогаш повеќе да не се сети на неа!“
Што мислите за постапката на оваа жена? Како би постапиле вие на нејзино место?