
Вики Филипова скоро 19 години живее и работи во Германија, но секоја прилика ја користи да дојде во родната Македонија за на сними нова песна и видео запис. Инаку таа и покрај бројните обврски како мајка и сопруга во Германија, успева да го усогласи сето тоа и преку песната повторно да биде активна во музичките води.
-Долги години сум излезена од Македонија, 18-19 години. Како познат пејач од моето време со бројни настапи по турнеи во Австралија, Франција, Германија и кога се случи таа ситуација да останам во Германија, тоа е некако судбина. Никогаш не сум имала желба, но ете тоа се случи. Работев по дискотеки, Австрија, Германија , само викенди и сега како мајка и жена сакав да бидам со моите деца покрај нив. Направив пауза, намерна од мојата кариера од 5-7 години, не се каам поради тоа, бидејќи бев и сеуште сум покрај нив. Тие се малку сега големи и ја разбираат мојата љубов кон музиката, вели Вики.
Едноставно како што додава Вики, се што слуша таа слушаат и нејзините дечиња од кои едното , помалата ќеркичка е повеќе насочена кон музиката. Вики неодамна сними нов видео запис за песната “Змија”, во соработка со ИН продуција.
