Широкиот репертоар на песни и музиката за сечиј вкус која ја свират момците од Арена бенд, придонесуваат тие да бидат одлично прифатени од публиката насекаде кадешто настапуваат.

Младите момци од Арена бенд се доста зафатени со настапи на семејни прослави низ земјава. Тие велат дека се одлично прифатени од публиката, а тоа се должи на нивниот широк репертоар со музика за сечиј вкус.
-Од луѓето сме прифатени одлично, досега сме немале некој кикс, секогаш сме поминувале многу добро. Не прифаќаат уште во првите 15-тина минути откако ќе почниме да свириме, супер си функционираме, а за тоа е “виновен” нашиот огромен репертоар бидејќи свириме буквално секако стил на музика, музика за сечија душа, од народна, забавна, рок итн.-истакна Сашо, вокал на бендот.

Покрај големиот број ангажмани со настапи, членовите на бендот одвојуваат време и за снимање нови песни и видео записи. Тие веќе размислуваат за уште еден проект со кавери на познати хитови кој би се снимил во летниот период.
-Наредната песна којашто ќе биде во фолк стил ќе видео запис, покрај промоцијата на фестивал ќе направиме видео за неа. Нови кавери си работиме редновно секоја година. Сега одмараме малку бидејќи претходните беа пред само неколку месеци, сега веќе договараме наредни и се надеваме дека летово ќе издадеме нешто ново.-додава младиот пејач.
Кога станува збор за соработка со музичари од македонската естрада, тие ја издвојуваат соработката со фолкерката Татијана Стефановска, како и пејачот Спасен Силјаноски кој воедно е текстописец на песната којашто треба да биде промовирана наскоро.
Во продолжение уживајте во најновите сплетови на Арена бенд снимени во студиото на ИН Продукција.
