Елена Велевска доживеа мала незгода

Please follow and like us:
Pin Share

Елена Велевска имаше мала незгода. Имено, додека возела накај село Куратица, кадешто требаше да учествува на снимање Велигденско шоу, и настрадаа двете гуми од автомобилот. За среќа, мештаните од ова село веднаш отишле да и помогнат и го решиле проблемот.

Фолк поп дивата Елена Велевска, доживеа мала незгода во која настрадаа двете гуми од автомобилот и е причинета само материјална штета. Таа од Охрид заминала на снимање во едно од локалните села во Охрид на велигденско шоу за потребите на Канал 5 во продукција на “ИН”. Еве што таа изјави за овој немил настан:

-Се се случи во рок од 2 секунди, не возев брзо, но пропаднав во дупка бидејќи патот беше многу ископан и веднаш осетив дека сум на бандаши. Се слушна издишување на гума и веднаш излегов. Од возачката страна двете гуми настрадаа. На помош дојдоа локалните мештани кои ми помогнаа и на кои им сум неизмерно благодарна. Вознемирена сум што е нормално,но јас викам: ”Секое зло, за добро е”.

А на нашето прашање дали би ангажирала професионален возач таа додаде:

-Нема потреба за тоа, јас обожувам да возам и не се чувствувам безбедно кога некој друг ме вози.

Неделава која следува е резервирана за промоција на новата песна на Велевска која е наменета за крштевка,а на 14 април ќе се дружи со публиката во Брисел.

Please follow and like us:
Pin Share