Пејачката реши да ги спакува куферите и замина да ги наполни батериите пред концертот во Бугарија.
Светлана Цеца Ражнатовиќ деновиве неколку пати се огласи на Инстаграм од едно од најубавите места на светот. имено, таа заедно со уште неколку пријатели замина на Малдивите, а како што пренесуваат медиумите, за ова патување ја убедила пријателката Сања Папиќ.
Цеца спие во еден од најлуксузните бунгалови на островот, а послугата е цело време на располагање.
Пејачката времето го минува сончајќи се на покрај преубавиот базен кој се наоѓа веднаш до нејзиниот апартман, а зајдисонцето го дочекува на плажата.
Таа навечер оди на вечера со пријателите во некои од интернационалните ресторани, а како што пренесува извор за „Блиц“, Цеца немала никакви посебни барања освен во собата да има доста вода и овошје.
Таа планира да оди на нуркање, пливање со делфини и на вечера на пуст остров, а во меѓувреме неколку пати ги изненади своите бројни фанови со фотографии на кои е во костими за капење.
Инаку, момчето на Цеца не замина со неа на ова патување, па зимските денови ги поминува на планина.
