Ѓоковиќ го потврди првиот турнир на кој ќе настапи оваа година

Please follow and like us:
Pin Share

Откако помина целата фарса со неговото депортирање од Австралија и неможноста да настапи на првиот Грен Слем оваа година, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално потврди дека ќе игра на турнирот во Дубаи.

Како што објавија медиумите, турнирот од серијата 500 ќе се одржи од 21 до 26 февруари, а на сајтот на Ѓоковиќ е поставен како прв следен на кој тој ќе настапи.

Ѓоковиќ, кому Австралија не му дозволи да ја брани титулата на Австралија опен, петпати во кариерата го освојуваше трофејот во Дубаи (2009, 2010, 2011, 2013, 2020).

Please follow and like us:
Pin Share