Престана да пее па започна да пишува песни и за краток временски период направи бум со неколку хитовски рефрени. Имено, многумина ќе се сетат на него по бурните и непредвидливи појавувања на музички шоу-а во регионот, и можеби малкумина знаеја дека тој ја негува и пишаната форма во музичките води, но она по што денес публиката најмногу го препознава е пишувањето песни.

– По соработките со Ѓоко Јовиќ, и ред други наши изведувачи, кои што се покажаа како успешни, одиме чекор понатака и го пробиваме ледот на сцената од соседството. Конкуренцијата е навистина огромна, но јас не гледам конкуренција, туку само барам парче простор да понудам квалитет создаден исклучиво од дарот кој ми е даден од Бог. Чест ми е да напоменам една од потенцијалните соработки со Немања Николиќ, кој е од првата и најзабележана гарнитура на “Ѕвездите на Гранд”. Станува збор за песна која што може да ја отпее само изведувач кој има богато музичко алиби зад себе. Тоа е боемска песна на која што можеби ќе и треба време да заживее, но таквите песни остануваат долго да се слушаат. Овој пат не го одам сам, рамо до рамо со мене е и Ѓоко Јовиќ, кој е, всушност, автор на оваа песна. На прашањето кои се неговите идни планови и очекувања, и со кого се можеме да очекуваме нови соработки, ни кажа: – Веќе неколку години наназад константно работам на создавање нови музички дела кои во соработка со Ѓоко Јовиќ, добиваат и музика. Целта не ми е да работам со било кој, иако постојат исклучоци, односно, кога некој има готова мелодија и му е потребен само текст, но главната цел ми е тие песни да ги создаваме јас и Ѓоко и да ги нудиме како готов производ – како тим. Архивата е на навистина завидно ниво, изборот е голем и песни има од сите жанрови, но и стилски различни, како за нашата, така и за соседната музичка сцена. Можеме, и спремни сме да одговориме на сите побарувања. Побарувачката од страна на нашите музичари е навистина помала во споредба со соседите, но се надеваме дека ќе се забрза и подемот на авторски песни нашата сцена. За крај, да потсетиме на неколку негови музички дела: – За Велигден, Решив дома да се вратам, Стојне мома на чорбаџи Стојана, Прелетај соколе, и други.

